Иран продолжи да ги почитува правилата утврдени со Договорот за иранската нулеарна програма од 2015 година и покрај одлуката на САД повторно да воведат санкции кон државата, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).
Агенцијата наведува дека Иран не го надминал пропишаниот лимит за производство на збогатен ураниум, ниту, пак, ги зголемил своите резерви.
– Не е многу променето, изјави неименуван дипломат – оценувајќи дека Иран и натаму го почитува Договорот.
Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука САД да се повлечат од Нуклеарниот договор во мај минатата година, со што повторно се воведени санкции против официјален Техеран.
Европските држави потписнички на Договорот, Франција, Велика Британија и Германија се обидоа да го намалат влијанието на санкциите кон Иран и се обидуваат да воспостават нови трговски врски со Техеран. преку кои ќе тргуваат во други валути, покрај доларот.