Во 2017 година Емануел Макрон како претседателски кандидат во изборната кампања се претстави како еврофил кој ветува да создаде силна Франција во рамките на силна Европа. Пет години подоцна, Макрон претпочита да ја избегне тешката дискусија за егзистенцијалните прашања во врска со ЕУ, пишува „Политико“.
Многумина се прашуваат зошто Макрон, кој вообичаено прв се залага за цврстите ставови на ЕУ, зазема попрагматичен пристап во конфликтот помеѓу Брисел и полската влада.
Макрон верува дека може да се пофали со успех кога станува збор за европските прашања, особено по минатогодишниот успех за убедување на Германија да го усвои планот за закрепнување на економиите на земјите-членки на ЕУ. Се претпоставува и дека Макрон има намера да укаже на кризите кои влијаат врз Велика Британија по брегзит, како доказ дека ЕУ направила превид за придобивките од единечниот пазар.
Дел од познавачите на состојбите сметаат дека Макрон е подготвен да ги брани првичните принципи на ЕУ ако биде потребно, додека ја следи расправијата за владеењето на правото помеѓу Брисел и Варшава. Се очекува Макрон да изнесе и аргументи оти единечниот пазар на ЕУ би се урнал, со тешки последици по Франција, ако секоја држава ги спроведува сопствените закони, како во случајот со Полска.
Се смета и дека Макрон е претпазлив, дека би можел да биде претставен како верно проевропски настроен политичар од страна на противкандидатите на изборите в година. Особено откако анкетите укажуваат дека 45 отсто од изборното тело би можело да гласа за евроскептиците или антиевропските кандидати. Ситуацијата би можела да се закомпликува и доколку францускиот претседател ги предводи преговорите на ЕУ со Варшава, кога Франција ќе го преземе ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ следната година.
Извесно е оти Макрон би претпочитал битката помеѓу Брисел и Варшава да не прерасне во конститутивна криза што ќе влијае и врз француските претседателски избори.