Во текот на 2017 година и покрај притисокот на надворешните граници, во земјите од ЕУ биле поднесени 728.470 апликации за азил, што претставува пад за 44 отсто во однос на претходната година, соопшти Европската канцеларија за прашања на азилот.
Привремените бројки за 2018 до април покажуваат дека барањата за азил се стабилизирале на 50.000 апликации месечно.
Канцеларијата оценува дека притисокот врз надворешните граници на останува голем, но дека тој е намален особено на источната и централната медитеранска рута, додека е забележено зголемување без преседан на западната медитеранска рута.
Сирија, Ирак и Авганистан остануваат трите топ земји од каде доаѓаат барателите на азил, веднаш по нив следат Нигерија, Пакистан, Еритреја и Албанија.
Околу 954.100 баратели на азил очекуваат одговор од властите, што претставува пад од 16 отсто во однос на 2016 година.
Од сите првостепени одлуки во 2017 година, 50 отсто биле позитивни, а стапката на одобрување е помала за 14 процентни поени во однос на претходната година, покажува статистиката.
Што се однесува до позитивните одговори, има пад на одобрените статуси за бегалци и за субсидијарна заштита, додека има зголемување на одлуките за доделување хуманитарна заштита.