Зимбабве е една од ретките африкански држави што го легализира производството на марихуана во медицински и научни цели.
Владата на Зимбабве соопшти дека поединци и корпорации можат да конкурираат за добивање на лиценци за одгледување на марихуана.
Производството и поседувањето на марихуана во Зимбабве се казнува и до 12 години затвор. Додека рекреативното комзумирање е илегално.
Прва африканска држава, која одобри користење на марихуана во медицински цели е Лесото, додека Малави и Гана бараат начини за нејзина легализација.