Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Индонезија, поточно областа во близина на провинцијата северен Сулавеси во близина на островот Халмахера.
Епицентарот бил на длабочина од 111 километар. Засега нема извештаи за никаква штета и нема закана од цунами.
Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, кој честопати е зафатен од земјотреси.