Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите предизвикал материјална штета.
Како што соопшти Националниот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во јужната држава Оаксаки, во близина на Салина Круз. Земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити. Нема информации за жртви.