Земјотрес од 7,4 степени го погоди Мексико, при што загина едно лице, а едно е повредено, јавуваат агенциите.
Силниот земјотрес го погоди јужниот и централниот дел на Мексико. Земјотресот бил почуствуван и во претстолнината Мексико Сити која се наоѓа на 600 километри северно од сојузната држава Оахака, каде бил регистриран епицентарот на потресот.
При уривањето на зграда загинало едно лице, а едно е повредено, соопштија надлежните. Според странските медиуми, сериозни оштетувања има во болница каде се згрижени заразени со ковид-19, поради што тие ќе мора итно да бидат евакуирани. По земјотресот, којшто се случил околу 10.29 часот по локално време, биле реагистрирани уште 147 афтершокови.
Ројтерс јавува дека било издадено предупредување за цунами за државите Мексико, Гватемала, Ел Салвадор и Хондурас, односно 1.000 километри долж западниот брег на Јужна Америка.