Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Северниот остров на Нов Зеланд, соопшти америкaнскиот Сеизмолошки институт.
Потресот го почувствувале илјадници луѓе, но нема информации за жртви, ниту за предизвикана посериозна материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил на 63 километри источно од Њу Плимот, на длабочина од 228 километри.