Земјотрес со јачина од 7,1 степен ја погоди пустинската област во јужна Калифорнија, а како што наведоа сеизмолозите, ова е најсилниот потрес во последните 20 години.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на Риџкрест, на околу 240 километри од Лос Анџелес, на длабочина од околу 900 метри, пренесе Би-би-си.
Според последните податоци, повредени се повеќе лица, а нанесена е и материјална штета со оштетувања на неколку згради и патишта во овој дел од Калифорнија.
Од противпожарната бригада изјавија дека примиле повици за повеќе повредени лица, како и пожари, но засега не се познати повеќе детали.
Пред два дена Калифорнија ја погоди земјотрес од 6,4 степени.