Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, ја одби оставката на премиерот Олексиј Гончарук и рече дека сака да му даде втора шанса на функцијата.
– Решив да ви дадам втора шанса на вас и на вашата влада – му рекол Зеленски на Гончарук кој поднесе оставка откако во јавноста излегоа низа критики упатени кон претседателот Зеленски.
Гончарук го опишал знаењето на претседателот за економијата како примитивно. Зеленски пред да биде избран за претседател беше актер.
Зеленски на состанокот не ги споменал тие изјави, но побарал од премиерот да ја подобри соработката со парламентот и да ги рационализира платите на високите владини претставници.
Високите бонуси на службените лица последниве месеци предизвика скандал во земјата.
– Во сегашната економска состојба, не може да се исплаќаат такви плати во Украина – рекол Зеленски.