Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ја поддржува слободата на говорот, но е против пропаганда финансирана од држава агресор, мислејќи на Русија.
Со тие зборови тој ја поддржа одлуката за воведување санкции за три ТВ-канали и нивниот сопственик, пратеникот Тарас Козак, пренесува ТАСС.
– Санкциите се тешка одлука. Украина силно ја поддржува слободата на говорот – напиша Зеленски на „Твитер“ нагласувајќи дека неговата одлука има цел да ѝ се спротивстави на Русија и да ги заштити евро-атлантските аспирации на Украина.
Претседателот на Украина инсистира на тоа дека овие санкции се воведени поради таканаречената борба на државата за суверенитет.
Зеленски на „Твитер“ изјави дека борбата за независност е борба во информатичката војна за вистината и европските вредности.