Новоизбраниот украински претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украинците ќе ја отфрлат понудата на рускиот претседател, Владимир Путин, за давање на руско државјанство и додаде дека тој предлага украински пасоши за Русите кои, како што кажа, страдаат од авторитаризмот на Путин.
Рускиот претседател неодамна рече дека размислува за Украинците да го олесни процесот за добивање на руско државјанство, и тоа не само за ние што живеат на истокот од Украина, каде што од 2014 година има конфликт меѓу проруските бунтовници и украинските безбедносни сили.
Зеленски на тоа одговори со сличен предлог.
-Ние ќе им дадеме украинско државјанство на сите луѓе кои во своите земји страдаат од авторитарни и корумпирани режими. Пред се мислам на Русите, кои страдаат најмногу од сите-истакна новиот украински претседател, истакнувајќи дека во неговата земја, за разлика од Русија, постои слобода на изразување.
Зеленски, актер без политичко искуство, во неговата претседателска кампања вети дека ќе ги заживее преговорите за решавање на конфликтот на истокот од Украина.