Украинскиот претседател Владимир Зеленски побара разговори со рускиот претседател Владимир Путин околу ескалацијата на конфликтот во источна Украина, но сè уште не добил одговор, изјави денеска портпаролката на украинскиот претседател, Јулија Мендел.
Русија распореди повеќе од 40.000 војници на источната граница со Украина и повеќе од 40.000 војници на Крим, рече Мендел, пренесува Ројтерс.
Според нејзините зборови, Зеленски ќе замине во Париз да разговара за зголемувањето на бројот на руски трупи и за ескалацијата на конфликтот во Донбас.
– Разговорите со Владимир Путин се иницирани од кабинетот на претседателот. Сè уште не добивме одговор, но се надеваме дека тие нема да го отфрлат дијалогот – рече портпаролката на Зеленски.