Крим никогаш нема да стане дел од Русија, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски, пренесуваат агенциите.
Според него, „Русите никогаш нема да го сакаат Крим како Украинците“. Во интервју за тамошните медиуми тој се навраќа и на своето детство во Крим – пешачење, скокање од карпа во морето.
– Ова е моја земја, ова не е нивна земја. Тие нема да бидат таму, нивните генерации нема да растат таму. И нивните деца не се таму и нема да умрат за нашата земја. Тоа никогаш нема да биде руска територија. Затоа, враќањето на полуостровот во Украина е прашање на време – заклучува Зеленски, пренесуваат медиумите.
Претходно, тој во неколку наврати изјави дека властите во Киев прават се за враќање на Крим. Затоа оценува дека е лансирана кримската платформа, чиј самит е закажан за 23 август.