Украинскиот претседател Влодимир Зеленски во присуство на војската го посети регионот Донбас на границата со Русија. Тој, со панцир и шлем на себе, се движеше тивко заедно со украинските војници низ рововите и тунелите во близина на местото каде што започнаа неодамнешните воените судири меѓу Русија и Украина, пренесува „Си-ен-ен“.

Ситуацијата повеќе наликува на воен конфликт од почетокот на 20-тиот век, отколку на модерна војна. Атмосферата во воздухот е напната, а времето како да запрело. Одвреме навреме се слуша понекој истрел, кој ги држи сите на штрек. Зеленски со своето претседателско обезбедување мора да претрча низ теренот за да стигне до безбедноста која ја нудат рововите.

Утрото на 8 април, Зеленски се качи на неговиот авион и заедно со неговите воени генерали, од кои многумина изгледаа понервозно од нивниот врховен командант, стигна во спорниот регион Донбас.

– Доколку посетам само воена база, војниците на фронтот ќе мислат дека сме ги заборавиле. Тие треба да знаат дека ја имаат нашата поддршка – објаснува Зеленски за репортерите од „Си-ен-ен“, додека воените хеликоптери, заглушувачки и стари „МИ-8“ модели од советската ера, летаат брзо и ниско над селата во регионот за да избегнат оган од тлото.

Меѓу нивните први постојки беше воениот станица во близина на селото Шуми. Посетата токму на тоа конкретно село, изјави тој, е бидејќи го означува „темното место“ на картата на Украина, односно токму таму започнале сегашните воени дејствија пред околу две недели. Украина ја обвинува Русија за снајперски истрели од нејзина страна.

Неколку дена по пукањето, Русија започна со распоредување на нејзините трупи долж границата со Украина и Крим. Но, истовремено Русија ја обвинуваше Украина за организирање на напади против цивили, додека бараше од Западот да не се вмешува во конфликтот.

– Сите активности на Кремљ изминатите две недели се повеќе пропаганда отколку воена стратегија. Дури и снајперскиот напад во близина на Шуми можеби имаше за цел да предизвика реакција и оган од Украина. Тоа би било доволно за руската државна телевизија да го поддржи својот наратив против Украина, која потенцијално би го започнала нападот со помош на нејзините пријатели во НАТО – вели потполковникот Олексиј Носков, кој помага во надгледување на реакциите на Украина поврзани со руската информативна војна.

Според Зеленски, целта на Русија е преку Украина да ја покаже нејзината моќ и да го заплаши Западот.

– Тие сакаат да се плашиме. Тие сакаат Западот да се исплаши од силата на Русија, од нејзината моќ – порача Зеленски, кој влезе во политиката пред две години по долга кариера како комичар.

Украинскиот претседател и неговата влада би сакале да поголема заинтересираност од НАТО, ако не преку влегувањето на Украина во воениот сојуз, тогаш преку оружјето на Алијансада.

– Украина ја држи линијата против Русија, не само за нас, туку и за Западот. А ракетите на САД се расределени во Поска. Наместо тоа, тие треба да бидат тука – рече Андриј Јермак, шефот на кабинетот на Зеленски.


На фронтот, Зеленски одржа едноминутно молчење во чест на загинатите. Со или без НАТО, ова е реалноста на неговата земја. Украина е во војна. Таму Зеленски не вети дека ќе се одмазди за убиените војници кои загинаа за одбрана на оваа област. Наместо тоа, тој се запраша дали заземањето на областа во 2018 година од страна на Украина било воопшто добра идеја.

– Рускиот претседател Владимир Путин би можел да одлучи да изврши целосна инвазија во регионот, а Украина, без НАТО, ќе има мали шанси да ѝ се спротивстави – наведува „Си-ен-ен“.

– Нашата ситуација е застрашувачка. За некого, покажавме дека сме цврсти и одлучни. За други, тоа значеше дека нивните синови никогаш нема да се вратат дома – вели Зеленски, признавајќи дека платената цена била превисока и оти нема намера да ја направи истата грешка од минатото.


Захарова го обвини „Си-ен-ен“ за ширење дезинформации

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини американската ТВ-мрежа „Си-ен-ен“ дека користи трикови за ширење дезинформации за наводните подготовки на Русија за војна против Украина.

Захарова истакна дека „Си-ен-ен“ користел снимки од украински тенковски единици, тврдејќи дека тие биле дел од руската армија.

– Почитуван „Си-ен-ен“ и вашиот убав персонал. Ние разбираме дека немате време да ја потврдите вистинитоста на вестите засновани врз факти. Толку сте заглавени во идеолошката борба, загледани во триумфот на либерализмот, што украинските тенкови на украинската железничка станица, каде што стојат украински вагони, ги нарекувате руски подготовки за војна. Тоа е непримерно – рече Захарова, пренесува ТАСС.