Поранешниот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон, синоќа остварил тајна средба со водечките луѓе на Демократската и Републиканската партија од Комитетот за надворешни работи на Белата куќа, за да разговараат за мандатот на Тилерсон во администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен.
На Капитол Хил, Тилерсон се состанал со претставникот од Демократската партија во Комитетот Елиот Енгл и со претставникот од Републиканската партија Мајкл Меккол. Други теми од интерес биле справувањето на администрацијата со Русија и неизвесноста околу улогата на зетот на Трамп, Џаред Кушнер во надворешната политика.
Разговорите траеле околу седум часа, вклучувајќи ги и паузите.
Иако одредени детали од средбата останаа неоткриени, јасно е дека посетата на Тилерсон на Капитол Хил изненади многумина во Вашингтон, вклучувајќи и одредени членови од Комитетот за надворешни работи на Белата куќа.
Тилерсон беше отпуштен во март минатата година и беше заменет со Мајк Помпео, актуелниот државен секретар на Трамп.