Повеќе Каталонци се против независност од Шпанија отколку што ја поддржуваат оваа идеја. Ова го покажува најновата анкета спроведена за првпат по референдумот кој се оддржа во октомври 2017 година, кога регионот гласаше за отцепување кое властите во земјата го забранија, пренесува „Јуроњуз“.
Шпанија оддржа национални избори на 28 апри, во кои континуираната желба за независност на Каталонија и последиците од политичката криза од референдумот беа централни теми на кампањите за сите големи политички партии.
За дванаесетте каталонски лидери кои беа уапсени по референдумот уште се водат постапки за поттикнување на народот да бунтува против државата и остануваат во затвор.
Анкетата која беше спроведена од државниот Центар за социолошки студии во периодот од 30 април до 6 мај ги покажува дека 48,6 отсто од Каталонците биле против независноста, додека 47,2 отсто го поддржувале отцепувањето од Шпанија.
Додека независноста на Каталонија веќе подолг период создава поделеност во регионот и целата нација, сите слични вакви анкети од јуни 2017 година покажуваат дека мнозинството ја поддржуваше независноста, се до најновата анкета.