Француската Влада мобилизираше 60.000 полицајци од целата земја поради денешните протести на „жолтите елеци“.
Од движењето на „жолтите елеци“ велат дека несогласувањето со францускиот претседател Емануел Макрон не е неспоиво со тагата која Франција ја чувствува поради пожарот во кој значително е оштетена Богородичната црква.
Париската полиција предупреди дека нема да дозволи протести во близина на авенијата Шанзелизе и Нотр Дам.
Според последните анкети, мнозинството Французи го поддржува движењето на „жолтите елеци“, иако симпатиите за движењето се помали во однос на претходната година.
Француските медиуми објавија дека кај демонстрантите има негодување и поради високите суми кои се дадоа за обнова на катедралата.