Постапките на САД во Сирија го водат светот до работ на бездната, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Таа рече дека на актуелните настани во Сирија, Москва гледа обид од страна на Американците да испробаат нов механизам за да ја одржат својата светска супериорност.
– Суштината на таа надмоќ е да се создаде еден вид коалиција на водечките западни сили, со цел да се демонстрира сила и решителност да се форисраат воени решенија за проблемите кои се јавуваат во кој и да е дел на светот, рече Захарова.
Таа оцени дека таквата политика го поткопува постоечкиот светски поредок, кој сега се потпира на Повелбата на ОН.
Портпаролката на руското МНР истакна дека агресивната природа на американската политика е очигледна и оти Русија е убедена дека таквиот пристап може да го доведе светот на работ на бездната, и тоа претставува опасен предизвик, не само за Сирија.
– Неопходно е да се спротивставиме на таквиот пристап. Ситуацијата мора да се реши на најодлучен начин, преку заеднички напори на сите разумни членови на меѓународната заедница, вели Захарова.