Раководството на затворот во кој Алексеј Навални (44) издржува затворска казна од две и пол години, соопшти дека донело одлука да го префрлат во затворската болница рускиот опозиционер кој штрајкува со глад веќе 19 дена, објави „Ројтерс“.
Затворската служба изјавила дека здравјето на Навални е „задоволително“ и дека секој ден го прегледуваат лекарите.
Лекарите задолжени за здравјето на Навални претходно предупредија дека неговата состојба е лоша, дека му се заканува откажување на бубрезите доколку не добие соодветна медицинска помош, како и дека му се влошува видот.