По големите безредија во Хонгконг, подземната железница денеска нема да функционира. Од оваа одлука се погодени и линиите кои водат до аеродромот. Не се знае колку долго ќе остане затворено метрото.
– Со оглед на тоа што во вакви услови не сме во состојба да им обезебдиме на патниците сигурно патување, немаме друг избор освен да донесеме одлука за запирање на услугите во целата мрежа – соопшти фирмата која управува со метрото, МТР.
Метрото секојдневно превезува околу пет милиони патници. Покрај метрото, во Хонгконг се затворени и голем број продавници и банки кои имаат врски со Кина и кои поради тоа би можеле да станат цел на протестните акции.
На ваквата одлука и’ претходеа насилства и судири во кои полицијата застрела еден тинејџер, а станици на метрото беа запалени од страна на демонстранти.