Американските санкции кон Иран ќе имаат „тешки последици” по светскиот поредок, изјави денеска во Истанбул иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, само неколку дена пред стапувањето во сила на новите санкции на САД за извоз на иранска нафта.
Вашингтон во август повторно воведе санкции кон иранскиот финансиски, машинскиот и автомобилски сектор, откако се повлече од Меѓународниот нуклеарен договор со Техеран.
Новата серија санкции за иранскиот банкарски сектор и енергетска индустрија треба да стапат во сила на 5 ноември.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги сведе на нула набавките на иранска нафта во светот.
– За жал, една земја прекршител сака да казни друга држава која ги почитува законите. Тој пристап ќе има тешки последици по светскиот поредок. Американците не можат да ги постигнат своите цели со воведување незаконски санкции против Иран, истакна Зариф.