Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека ставот на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека судирот со Иран би бил краткотрајна војна е илузија и дека неговите закани претставуваат закана за геноцид.
– Уништувањето е еднакво на геноцид, а тоа е еднакво на воено злосторство – напиша Зариф на својот профил на -Твитер, пренесува „Ројтерс“.
Трамп синоќа изјави дека ако дојде до воена акција против Иран, таа нема да трае многу долго. Тој во вторникот се закани дека ќе уништи делови од Иран ако нападнат било каков американски објект.