Законот за блокирање на брегзит, што завчера го усвоија пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент, денеска ќе се најде во дневниот ред и на Горниот дом, Домот на лордовите.
Долниот дом се согласи дека во понеделник ќе ги разгледа и амнадманите на Домот на лордовите и дека владата има намера да го подготви законот да ѝ биде претставен на кралицата.
Предложениот закон беше усвоен од пратениците во средата, со што тие му нанесоа огромен пораз на премиерот Борис Џонсон, пишува Би-би-си.
Постојат сомнежи дека приврзаниците на брегзит можат намерно да го одложат усвојувањето на законот за тој да не добие согласност од кралицата пред парламентот следната недела да се распушти.