Речиси шестгодишниот престој на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон, е загрозен, со што се отвора пат за неговото апсење од страна на британските власти и евентуалната екстрадиција во САД, соопштија повеќе извори за Си-Ен-Ен.
Иако Асанж претходно тврдеше дека неговата позиција во амбасадата е загрозена, извори тврдат дека сегашната ситуација е „невообичаено лоша“ и дека тој би можел да ја напушти амбасадата „секој ден”, бидејќи ќе биде принуден да го направи тоа или ќе се чувствува толку ограничен, така што би м ожел да одлучи да ја напушти.
Неговата положба таму „е загрозена”, вели неименуван извор.
Асанж и неговите адвокати тврдат дека тој е во притвор 2.720 денови без покренато обвинение и оти е изолиран од посетители и надворешна комуникација, како и дека „не постојат никакви докази дека тој сторил нешто, туку само јавно обајвувал материјали“ наведува на Твитер на неговиот адвокат на 19-ти мај.