Изложеноста на токсичен воздух, вода, почва и хемикалии годишно убива по 8,3 милиони луѓе, според нова анализа на Глобалната алијанса за здравје и загадување. Организацијата предупредува дека загадувањето убива трипати повеќе луѓе годишно отколку ХИВ/сида, туберкулоза и маларија заедно. Исто така, загадувањето годишно убива 15 пати повеќе луѓе од војните и други форми на насилство. Најмалку 90 отсто од сите предвремени смртни случаи од загадувањето се регистрирани во земјите со ниски и средни приходи.
Индија и Кина се двете земји со најмногу смртни случаи од загадување годишно со 2,23 милиони, односно со 1,87 милион жртви.