Жените, ЛГБТ кандидатите направија историја на изборите во САД. Американските медиуми пишуваат дека на изборите забележителни резултати остварија претставниците на малцинствата.
![](https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/jered.jpg)
Во трката за гувернер на Колорадо победи демократот Џаред Полис, кој е јавно деклариран како хомосексуалец, а неговата сопартијка Шарис Дејвидс стана првата Индијанка избрана за член на Конгресот од Канзас.
![](https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/mu.jpg)
Во Претставничкиот дом првпат се избрани и две муслиманки. Станува збор за Илхан Омар и Рашида Тлаиб, кои победија во своите изборни единици во Минесота, односно Мичиген.
Илхан Омар (Минесота) пристигнала во САД како бегалка од Сомалија и последните четири години е силно активна на политичката сцена.
Рашида Тлаиб има потекло од Палестина и ќе го претставува Мичиген, а се прослави кога беше избркана од митинг на Трамп во 2016 година, откако го праша дали некогаш го прочитал Уставот.
![](https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/aleksandria.jpg)
Демократката Александрија Окасио-Кортез (29) со победата во изборната единици во Њујорк стана најмладата жена членка на Претставничкиот дом во историјата на САД.