Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази жалење што Европска унија е строга кон Велика Британија и брегзит.
Too bad that the European Union is being so tough on the United Kingdom and Brexit. The E.U. is likewise a brutal trading partner with the United States, which will change. Sometimes in life you have to let people breathe before it all comes back to bite you!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 11, 2019
– Штета што ЕУ е толку строга кон Велика Британија и брегзит, напиша Трамп на Твитер.
Британската премиерка Тереза Меј и 27 европски лидери синоќа се договорија да го пролонгираат брегзит до 31 октомври.
Трамп истакна и дека ЕУ е „брутален трговски партнер“ на САД, но оти тоа ќе се смени.
САД во вторникот се заканија со воведување нови царини на артикли од ЕУ во висина од 11,2 милијарди долари за да ја надоместат штетата од нефер субвенциите за европскиот производител на авиони Ербас.