По напуштањето на трката за демократски кандидат за претседателските избори во САД, од страна на Пит Бутиџиџ, истото го стори и сенаорката од Минесота, Ејми Клобучер, пренесуваат американските медиуми.
Таа одлуката ја донела во пресрет на Супер вторник, за време на кој во 15 држави и територии ќе биде избран кандидат на демократите во трката за Белата куќа. Клобучер, која досега имаше променлив успех во кампањата, најави и дека во понатамошниот избор на демократски кандидат ќе го поддржи некогашниот потпретседател Џо Бајден.
Се очекува дека Ејми Клобучер вечерва ќе се појави на митинг на приврзаници на Бајден во Далас.
Ни 24 часа претходно од трката се повлече и Пит Бутиџиџ, за да се отвори вратата за кандидатура за Џо Бајден и да се спречи можноста на претседателските избори на крајот од годината да му се спротивстави Берни Сандерс.
Овој воен ветеран од Авганистан и прв хомосексуалец кандидат за претседател во САД, кој отворено зборува за својата сексуалност, победи на првите партиски избори, на кокусите во Ајова, и беше на второ место во Њу Хемпшир.