Европската Унија ќе мора да соработува со талибанците, но нема да брза со формалното признавање на таа исламистичка милитантна група како нови владетели на Авганистан, изјави извршниот директор на Европската комисија за Азија и Пацификот, Гунар Виганд.
Тој рече дека официјалните односи ќе бидат воспоставени само доколку талибанците исполнуваат голем број услови, вклучувајќи почитување на човековите права и неограничен пристап до хуманитарните работници, пренесе „Ројтерс“.