Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, беше „клучен и неопходен чекор” кон мирот на Корејскиот Полуостров, каде што целта е целосна денуклеаризација, рече шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
– Крајната цел, останува целосна, и неповратна денуклеаризација на Корејскиот полуостров- наведе Могерини.
– Заедничката изјава потпишана од лидерите на САД и на Северна Кореја дава јасен сигнал дека таа цел може да се постигне- рече таа.
ЕУ и понатаму е „подготвена да ги олесни и поддржи следните преговори и други чекори насочени кон градење доверба и обезбедување долготраен мир, безбедност и просперитет на Корејскиот полуостров без нуклеарно оружје, додаде таа.