ЕУ ја остава вратата отворена за можни правни активности против фармацевтските компании што неочекувано ја одложија испораката на вакцините против ковид-19. Ова, меѓу другото, го изјави шефот на Европскиот совет, Чарлс Мишел.
– Ние можеме да ги искористиме сите легални средства што ни се на располагање – истакна Мишел. Според него, Унијата има намера да ги спроведе на суд договорите потпишани од фармацевтската индустрија. Во меѓувреме, многу лидери во блокот реагираа силно на одложувањата, додека Париз се обидува да излезе со алтернативи сѐ додека производството на вакцините не се врати во нормала. Инаку „Бионтек“ и „Фајзер“ минатата недела објавија дека ќе има најмалку барем еден месец задоцнување за испораките во Европа, велејќи дека треба да се дополнат со репроматеријали фабриките во белгискиот град Пурс.