Европската комисија планира да формира прва Дигитална европска програма за периодот од 2021 година до 2027 година за кој би биле издвоени 9,2 милијарди евра.
Целта е формирање единствен дигитален пазар во Европа. Тоа го изјави Мартин Бајлеј, шеф на одделението за дигитална индустрија на ЕК.
За време на конференција за дигиталната индустрија што се одржува во Трогир, Бајлеј истакна дека заедничкиот пазар ќе овозможи единствен правен рамки за да може луѓе и компании од Европа во целост да ја искористат дигиталната трансформација.
-На пример, САД имаат голем пазар каде компаниите можат да понудат развиени дигитални услуги и кај нив не постои разлика меѓу државите туку единствениот пазар служи сите да тестираат и развиваат дигитални програми, изјави Бајлеј.
Тој додава дека таков пазар и е потребен сега на Европа. Наменскиот буџет од 9,2 милијарди евра е мал во однос на вкупниот европски буџет, но и во однос на сумата што за дигитална индустрија ја издвојуваат Кина и САД.