Европската Унија му порача на новиот британски советник за Европа, Дејвид Фрост, дека не е подготвена за нови преговори за брегзит.
Според портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева, двете страни ги повториле своите позиции, откако Фрост вчера и денеска имаше повеќе средби со европски функционери.