Советот на Европската унија донесе одлука за воведување на економски санкции против Белорусија, што ќе влијаат врз нафтениот и технолошкиот сектор.
– Советот на ЕУ денеска воведе нови рестриктивни мерки против белорускиот режим како одговор на сериозните повреди на човековите права – се наведува во соопштението.
Новите санкции се насочени на трговијата со белоруски нафтени производи, но и опрема, технологија и софтверски програми. Се потенцира дека на овој начин со санкции на ЕУ ќе бидат опфатени 166 физички и 15 правни лица во Белорусија.