Европската унија и ОН ќе претседаваат со дводневната меѓународна конференција, што почнува утре во Брисел.
Целта е да се собере финансика помош за Сиријците и да се добие политичка поддршка за меѓусириските преговори со поддршка на ОН.
На Конференцијата ќе учествуваат повеќе од 85 држави на министерко ниво и организации, како и повеќе од 200 невладини организации.
ЕУ и нејзините држави-членки се водечки донатори за Сирија и за регионот, мобилизирајќи повеќе од 10,6 милијарди евра хуманитарна помош за стабилизација на Сирија од 2011 година.