Европската унија е „исклучително загрижена“ поради „опасното зголемување“ на тензиите меѓу Русија и Украина во Азовско Море. Сепак, не се планирани нови санкции против Москва, соопштија владите на 28-те членки на Унијата.
– Ние сме загрижени од оваа употреба на сила од страна на Русија, која, во контекст на зголемување на милитаризација во регионот, е неприфатлива – се вели во заедничкото соопштение лиферувано од Канцеларијата на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.
Текстот бил договорен по тридневна дискусија. Тоа се должи на сериозни несогласувања меѓу одделни земји-членки, велат дипломатски извори, пренесува БТА.
За усвојување нови санкции против Русија неопходна е согласност од сите членки на Унијата.
Полска ја поддржала идејата за воведување нови санкции, но според неколку земји, вклучувајќи ги Франција и Германија, тоа би било прерано.
ЕУ воведе економски санкции за Русија во јули 2014 година поради конфликтот во Украина