Вулканот Етна на Сицилија по синоќешната лава денеска исфрла пепел.
– Етна синоќа речиси константно исфрлаше лава во висина до 150 метри. Вулканската активност продолжи и денеска, бидејќи Етна исфрли пепел во висина од над сто метри – соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Но, и покрај активноста на Етна не се евакуирани жителите од градовите на падините на вулканот.
Етна беше активна и кон крајот на јули.