Вулканот Синабунг во Индонезија еруптира исфрлајќи вулкански материјал во височина од пет илјади метри, со што околните села беа покриени со пепел.
Никој не е евакуиран, ниту е соопштено дека ерупцијата ги нарушила летовите во провинцијата Северна Суматра, каде што се наоѓа вулканот. Вулканската активност во северна Суматра се зголемила во изминатите неколку недели, во кои облаци со пепел биле исфрлени 13 пати, како што забележале властите.
Планината Синабунг, висока 2.600 метри, не беше активна четири века, сè до ерупцијата во 2010 година, во која починаа две лица. Во ерупцијата во 2014 година загинаа 17 лица, а седум во ерупцијата во 2016 година. Ова е еден од двата активни вулкана во Индонезија, а околу 30 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови околу вулканот о изминатите неколку години.