Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека се залага за повторување на изборите за градоначалник во Истанбул, кои резултираа со победа на опозицискиот кандидат.
Ердоган дал сигнал на церемонијата на отворањето на новото седиште на Независното здружение на индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) дека се залага за повторување на изборите за градоначалник во Истанбул, на кои победи кандидатот на главната опозициска Републиканска народна партија.
Владејачката партија на Ердоган, која ја загуби власта во главниот град, Анкара, на изборите одржани на 31 март, веќе поднесе жалба до Високиот изборен одбор на Турција, да ги поништи изборите во Истанбул, поради нерегуларности и да ги повтори.
– Овде постојат контроверзи, тоа е јасно. Постојат и неправилности, тоа исто така е јасно. Да се свртиме кон луѓето и ќе видиме што кажуваат и без оглед на исходот, ние тоа ќе го прифатиме – рекол Ердоган во Истанбул.
Тој нагласил дека Турција е подготвена да обезбеди целосна поддршка на меѓународните инвеститори, додавајќи дека и покрај нападите на туркста економија, Владата ја контролира ситуацијата.