Турција ќе ја продолжи „блиската соработка“ со Иран и Русија во Сирија, рече денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Овие три земји се сојузници во процесот Астана, чија цел е воспоставување на примирје во Сирија.
Минатата недела претседателите на трите земји се собраа во Анкара заради самитот за Сирија. Ердоган за време на обраќањето кон приврзаниците во Анкара, рече дека тие средби се „пресврт кон решавање на сириската криза“.