Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека неговата земја нема од никого да бара дозвола за купување на рускиот одбранбени систем „с-400“.
– Постигнавме договор со Русија за „с-400“ и некои се загрижени поради тоа. Жал ми е, ама никого нема да прашаме за дозвола – рече Ердоган.
Турскиот претседател изрази надеж дека неговата држава што наскоро ќе ги добие ракетните системи. Ердоган откри дека Анкара потпишала договор со Москва и дека однапред платила за испорака на системот „с-400“. Директорот на руската државна корпорација „Ростек“, Сергеј Чемезов, рече дека испораката на системот ќе почне во март 2020 година.
Во меѓувреме, САД ја предупредија Турција, која е членка на НАТО и со која Американците имаат топло-ладни односи, дека ако купи руски системи „с-400“,можеби нема да добие американски словци „ф-35“.
Рускиот комплекс „с-400 триумф“ е современ ракетен систем со долг дострел што се користи од 2007 година. Неговата намена е да уништува авиони, крстосувачки и балистички ракети, вклучувајќи ги и тие со среден дострел, а може да се користи и против цели на копно. Системот „с-400“ може да гаѓа цели на далечина и до 400 километри и на висина до 30 километри. Веста за руско-турските пораки за испорака на „с-400“ првпат беше објавена во ноември 2016 година, наведува Тасс.