Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека неговата земја би можела сама да интервенира за да ги протера терористите „ПКК“од северот на Ирак.
– Имам фраза во која секогаш кажувам: Можеби ќе изненадиме една ноќ – рекол Ердоган во изјава за новинарите во Истанбул, мислејќи на можноста за изведување изненадна турска операција за протерување на терористите од Синџар, пренесе агенцијата „Анадолија“.
Пред неколку дена турскиот министер за одбрана Хулуси Акар одржа разговори со претставници на регионот на Ирачки Курдистан. Според официјални извори, разговорите биле насочени на начините за унапредување на заедничката безбедност и воена соработка на двете страни.