Протестите во Франција покажуваат неуспех на демократијата и проблем со слободата и почитувањето на човековите права во Европа, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Протестите на „жолтите елеци“ покажуваат неуспех на демократијата, човековите права и слободи во Европа. Во многу европски земји се создаде затегната атмосфера. Денес ја следиме ситуацијата во земји кои одлучија да не реагираат на активностите на лица кои се обидуваат да предизвикаат крвопролевање во Турција – рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека „некои сили ја обвинија“ турската полиција за „употреба на прекумерна сила“.
– Погледнете како нивната полиција се однесува со луѓето. Нашите полицајци дејствуваат хумано – рече Ердоган.
Тој посочи дека Турција е против „хаосот што го сејат демонстрантите“ и „употребата на прекумерна сила против демонстрантите“.