Турскиот претседател ќе ги пречека неговиот руски и ирански колега на самит во Анкара за да дискутираат околу Сирија каде што руски поддржаните владини сили сакаат да извршат офанзива за да го вратат Идлиб, кој е последното упориште на бунтовниците.
Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани се очекува да одржат средба пред самитот за сирискиот конфликт, која е нивна петта по ред од 2017 година. Потоа ќе се обратат со заедничка конференција пред медиумите.
Иако Иран и Русија се силни поддржувачи на претседателот Башар ал Асад да ја врати контролата врз територијата што ја загуби во војната, Турција поддржува други бунтовнички фракции. Со зацврстувањето на позицијата на Асад, приоритет на Анкара сега е да го спречи огромниот наплив на бегалци од Идлиб во северозападна Сирија, затоа што проблемот со сириските бегалци стана дел од домашната политика на Турција.
Од турскиот кабинет соопштија дека лидерите ќе дискутираат за најновиот развој на настаните во Сирија како и за „обезбедување на неопходните услови за доброволно враќање на бегалците и какви заеднички чекори ќе се преземаат во иднина со цел да се одржи трајно политичко решение“.
Ердоган претходно предупреди дека Турција може повторно да ја отвори бегалската рута кон Европа ако не добие соодветна меѓународна поддршка за да се справи со милионите бегалци на нејзина територија. Тој исто така порача дека Анкара планира да пресели еден милион сириски бегалци во североисточна Сирија каде што Турција и САД преговараат за отворање на таканаречена „безбедна зона“.
Москва, од друга страна, сака да види напредок во формирањето на уставен комитет за надгледување на следната фаза од политичката спогодба во Сирија.