Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Анкара ќе одговори на евентуалните американски санкции поради набавката на руски одбранбен систем, како и поради гасоводот „Турски тек“, кој ќе испорачува руски гас во Турција.
На прашањето за разни санкции против Анкара, Ердоган повтори дека договорот за системот „С-400“ веќе е завршен, пренесува „Ројтерс“.
– Тие сега велат ‘ќе им воведеме санкции поради тоа’ мислејќи на Турски тек – рече Ердоган додавајќи дека тоа ги крши целосно правата на Турција.
– Ние, секако, ќе имаме наши санкции против сето ова – рече тој.