Емиратите одлучија да го воведат најкраткиот лет во светот и тоа на најголемиот комерцијален авион во светот – ербас А380 кој е двокатен. Тоа е најголемиот патнички авион во светот, којшто може да понесе до 853 патници.

Тоа е рутата меѓу Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и Мускат во Оман, чија оддалеченост е само 340 километри. Авиолинијата ќе биде пуштена на 1 јули, објави Си-ен-ен.

Летот ќе трае нешто повеќе од еден час, поточно првиот утрински лет од Дубаи ќе тргне во 8.25 и ќе пристигне во Мускат во 9.40 часот. 

Претходниот краток лет, исто така, го имаа Емиратите – 379 километри помеѓу Дубаи и Доха. Како најголем комерцијален авион во светот, А380 обично превезува околу 550 патници, но има капацитет до 850 патници.