Илон Маск најави револуција во медицински цели
Милијардерот, инвеститор, инженер, пронаоѓач и футурист Илон Маск изјави дека „Неуралинк“, неговата компанија која се занимава со технологија за поврзување на компјутери и мозоци, се надева дека следната година ќе започне со вградување на своите микрочипови кај луѓето.
„Неуралинк“, чии ко-основач на Маск, развива чип кој ќе биде вграден во човечкиот мозок за истовремено да снима и стимулира мозочна активност. Чипот треба да има медицинска примена, како што е третман на сериозни повреди на ‘рбетниот мозок и невролошки нарушувања.
За време на интервју во живо на самитот на извршните директори „Вол стрит журнал“ Маск бил прашан што планира да направи „Неуралинк“ во 2022 година.
– „Неуралинк“ работи добро на мајмуните, а ние всушност правиме многу тестирања и потврдуваме дека е многу безбеден и сигурен и дека уредот „Неуралинк“ може безбедно да се отстрани. Се надеваме дека успешно ќе го примениме и на луѓе – а тоа ќе бидат луѓе со тешки повреди на ‘рбетниот мозок, како што се тетраплегичари. Тоа би било следната година, откако ќе биде одобрено од американската Агенција за храна и лекови (ФДА) – изјавил Маск, а објави „Бизнис инсајдер“.
Маск вели дека стандардите на „Неуралинк“ за имплантација на уреди се значително повисоки од она што го бара ФДА.
– Забрзан напредок очекуваме следната година откако ќе имаме вградување на чипови кај луѓето (тешко е да се имаат нијансирани разговори со мајмуни) – рече тој.
Во април, „Неуралинк“ објави видео на кое се гледа мајмун како игра видео игра користејќи уред – Неуралинк.
Откако собра 205 милиони долари во јули, „Неуралинк“ објави дека ќе ги насочи средствата кон развивање на својот чип за да им овозможи на квадриплегичарите да ги контролираат дигиталните уреди со својот ум.
Квадриплегија или тетраплегија е состојба со целосна или делумна парализа на рацете и нозете.
Централната идеја на Маск е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерот со вметнување тенки електроди во мозокот. Тие, пак, се поврзуваат со мал безжичен уред, сместен зад увото, кој би комуницирал со паметен телефон.
„Неуралинк“ не е единствената компанија која развива технологија за интерфејс на мозокот и компјутерот. Во јули, биотехнолошката компанија „Синхрон“, компанија од само 20 луѓе, доби одобрение од ФДА да започне со тестирање на луѓе