Едно лице загина, а 26 други, меѓу кои и седум деца, се повредени, при експлозија на пиротехника во куќа во градот Туи во северозападниот шпански регион Галиција, соопшти локалната служба за вонредни состојби.
Според градоначалникот на Туи, Карлос Васкез, станува збор за пиротехника што сопственикот на куќата ја чувал во подрумскиот дел на неговиот дом.
– Тоа складиште било тајно. Не ни знаевме дека постои – нагласи Васкез.
Регионалниот весник „Фаро ди Виго“ информира дека при експлозијата загинале најмалку четири лица, но според Службата за вонредни состојби, досега е потврдена смртта само на едно лице.