Најмалку пет лица загинаа во експлозија на возило среде пазар во северна Сирија.
Сириската новинска агенција „Сана“ објави дека возилото било натоварено со експлозив и експлодирало во селото Сулук, во близина на границата со Турција.
АП пренесува дека уште неколку лица се повредени.
За експлозијата се известени Сириската национална коалиција со седиште во Турција и Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, која наведува дека 20 лица се повредени.
Сулук се наоѓа под контрола на борци поддржани од Турција и е во близина на пограничниот град Тал Абџад во провинцијата Рака.